Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола доцна синоќа го продолжи договорот со клубот на уште две години, што значи дека на клупата на „граѓаните“ ќе помине најмалку една деценија.
Поминаа осум години откако каталонскиот стручњак го презеде Манчестер Сити, а потпишувањето на двегодишно продолжување на соработката му гарантира најмалку една деценија работа во која го предводеше тимот до врвот на европскиот и светскиот фудбал. Гвардиола досега има освоено 18 официјални трофеи, вклучувајќи шест титули во англиската лига и трофеј за освојување на Лигата на шампионите. Минатата сезона тој испиша историја со тимот со тоа што стана првиот тим во историјата на англискиот фудбал со четири последователни титули. Шпанскиот стручњак сега ја продолжи соработката со Сити по бројните турбуленции. Во еден момент се чинеше дека ќе си замине, но реши да остане на клупата на клубот.
💙✨ Pep Guardiola: “Why staying? Well, I felt I could not leave now. It’s as simple as that. Don’t ask me the reason why”.
“Maybe the four defeats was the reason why I felt I cannot leave…”. pic.twitter.com/jo40J3UwBB
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 21, 2024
“Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона овде и доживеавме неверојатни моменти. Имам навистина посебно чувство за овој клуб и затоа сум среќен што останувам уште две сезони”, изјави Гвардиола по потпишувањето на договорот и најавата за освојување на нови трофеи .
Иако до пред неколку недели се чинеше дека ќе си замине, Гвардиола се предомисли бидејќи се работи за краткорочен договор, што е навистина реткост во сериозниот професионален фудбал. Како што пренесуваат англиските медиуми, Гвардиола решил да ја продолжи соработката бидејќи не е долг договор и би можел во релативно блиска иднина, кога ќе му истече, да преземе некоја национална селекција на која цели долго време.
