Се одиграа првите два натпревари од второто коло од вечерашната Лига на шампиони.
Наполи, по голема победа против Ливерпул во првото коло, направи кикс во Белгија, ремизирајќи со Генк 0-0. Наполитанците беа малку поконкретни, но не можеа да ја претворат подобрата игра во победа.
Вице-шампионот на Италија сега има четири бода а Генк стигнува до првиот бод во Лигата на шампионите оваа сезона.
Генк – Наполи 0:0
Во Прага, Славија и Борусија Дортмунд го одиграа својот втор натпревар, а Милионерите славеа со 2:0. Двоен стрелец за германскиот тим беше Хакими, кој погоди во 35-та и 89-та минута од натпреварот.
Борусија сега има четири бода, додека Славија го запиша првиот пораз по фантастичниот прв натпревар и реми против Интер.