Составот на Јувентус за утрешното дерби против Милан ќе зависи од Ковид тестовите. Откако Алекс Сандро почувствувал симптоми, беше тестиран и излезе позитивен. На најновото тестирање позитивен тест доби уште еден од клучните играчи во составот на Андреа Пирло, а тоа е Хуан Квадрадо. Колумбиецот е веќе во изолација, нема никакви симптоми.
Сепак, според информациите од Торино, во текот на денот ќе бидат направени нови дополнителни тестирања на сите останати фудбалери.
Како што е познато пред извесно време вирусот го прележаа Дибала, Роналдо, МекКени, Ругани и Матуиди.
Серие А, 16.коло (среда)
Каљари – Беневенто (12:30 ч)
Аталанта – Парма (15:00 ч)
Болоња – Удинезе
Кротоне – Рома
Лацио – Фиорентина
Сампдорија – Интер
Сасуоло – Џенова
Торино – Верона
Наполи – Специја (18:00ч)
Милан – Јувентус (20:45ч)