Според италијанските медиуми, Мауро Икарди треба да се врати на тренинг во четврток.
Ова ќе биде голема промена во сапуницата која се случуваше во минатиот месец, кога на Икарди му беше одземена капитенската трака бидејќи со уцена сакаше да се дојде до подобар договор.
Последниот натпревар на Икарди беше против Парма на 9 февруари, по што поради наводните повреди на коленото го пропушти натпреварот со Интер и неговиот агент односно неговата сопруга Ванда Нара е етикетирана како најголемиот виновник за ситуацијата која донесе голема доза на турбуленции во клубот од Милано.
Играчот на Интер би требало да се врати во тимот за натпреварот против Лацио во Серија А, кој ќе се одигра по репрезентативната на пауза на 31 март.