ФУДБАЛ

Големиот талент на Реал Мадрид мораше да се пензионира на 19 години: Бактерија засекогаш му го уништи коленото

Еден од најталентираните фудбалери од младинската академија на Реал Мадрид, Марк Кукалон, на 19-годишна возраст ја заврши кариерата.  Кукалон се прости од фудбалот во кој нема да одигра ниту еден сениорски натпревар поради сериозноста на повредата што го погоди на 6 септември 2022 година.

На натпревар од младинската лига, тој ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото. Беше опериран и мораше да паузира неколку месеци, но за работата да биде полоша за него – бактеријата му ја нападна зглобната ‘рскавица и предизвика инфекција. Лекарите се мачеа да му помогнат, но речиси 800 дена подоцна мораше да се повлече од фудбалот. Едноставно, неговите колена не можат да го поднесат напорот на професионалниот фудбал.