Реал Мадрид денеска на домашен терен го победи Еспањол и официјално ја обезбеди титулата во Шпанија.
Кралскиот клуб успеа на четири кола пред крајот на сезоната и математички да ја обезбеди титулата шампион на Шпанија, што секако е одличен резултат на оваа екипа.
За Реал Мадрид ова е 35-та титула на шпанскиот првак, со што уште еднаш ја потврдија доминацијата во Ла Лига што се однесува до оваа сезона.
По натпреварот имаше големо славје на Сантијаго Бернабеу, а Реал доби честитки од целиот свет за освојувањето на новиот трофеј.
Но, она што особено ги воодушеви навивачите на Реал е пораката на поранешниот капитен на овој клуб, Серхио Рамос. Дефанзивецот реши да се огласи на Твитер и да му ја честита титулата на својот клуб за кој настапуваше 16 години.
Иако моментално е член на ПСЖ, јасно е дека не можеше да се воздржи и јавно му честиташе на својот поранешен клуб за новиот успех.
¡Enhorabuena, @realmadrid, por el 3️⃣5️⃣ título de Liga! 🙌👏🔝 https://t.co/0W4F4LiGtw
— Sergio Ramos (@SergioRamos) April 30, 2022
Навивачите на Реал Мадрид минатото лето му замеруваа што отиде во ПСЖ, но со оваа објава се чини дека Рамос успеа повторно да ги воспостави односите со приврзаниците на кралскиот клуб.