ФУДБАЛ

Големо враќање на Лингард во Премиер лигата?

Џеси Лингард би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Според информациите на Островот, Лингард би можел да потпише краткорочен договор со Евертон, до крајот на сезоната.

Лингард е без клуб од летото, бидејќи Нотингем Форест не го продолжи договорот.

Шон Дајч верува дека Лингард може да биде од помош до крајот на актуелната сезона, иако е надвор од конкуренција од летото.

Тренираше со Вест Хем, како и со Ал Етифак на Стивен Џерард, но не доби договор.

Лингард одигра 20 натпревари за Нотингем Форест во сезоната 2022/23 и постигна два гола со две асистенции.

Дајче верува дека може да ја извлече старата форма од него, бидејќи еднаш постигна 35 гола и даде 21 асистенција за Манчестер Јунајтед.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига