Иако се шпекулираше дека трансферот би можел да се заврши денес, „Скај Спорт Италија“ сега пишува дека Ашраф Хакими утре ќе пристигне во Милано и ќе биде подложен на лекарски прегледи пред да потпише за Интер.
Фудбалерот на репрезентацијата на Мароко минатите две години ги помина на позајмица во Борусија Дортмунд, каде неговиот развој помина одлично, па за некое време се веруваше дека Реал Мадрид конечно може да го врати во нивниот прв тим.
Сепак, кралевите на крајот решија да го продадат 21-годишниот лев бек на Интер. Исто така се шпекулира дека Реал ќе заработи околу 40 милиони евра од продажбата на Хакими.
„Скај Спорт Италија“ пишува дека конечните детали за договорот биле договорени на денешната видео конференција на која учествувале претставници на двата клуба и самиот Хакими.
Младиот дефанзивец треба утре да пристигне во Милано, да ги помине сите задолжителни лекарски прегледи и да потпише петгодишен договор со Интер вреден пет милиони евра по сезона.
Директорот на Интер, Бепе Марота синоќа потврди дека трансферот треба да биде финализиран и официјализиран синоќа, кога рече дека е оптимист дека денес ќе биде постигнат конечен договор.
Хакими исто така играше одлично во дресот на Борусија оваа сезона. Тој собра 45 настапи на сите натпреварувања, и успеа да постигне девет гола и да запише 10 асистенции.
Едно е сигурно, Интер очекува дека Хакими ќе биде одлично засилување за тимот …