ФУДБАЛ

Големото засилување на Вест Хем мора да паузира половина година

Украинскиот напаѓач Андриј Јармоленко ќе мора да паузира барем половина година по повредата на ахиловата тетива.

Јармоленко беше повреден во саботата на натпреварот со Тотенхем, во кој неговиот тим загуби со 1:0. Јармоленко се повреди на крајот на првото полувреме, по што тој беше на носилки изнесен од теренот.

Јармоленко беше прегледан и опериран, а сега има долго опоравување од шест месеци, можеби и подолго.

Ова е голем хендикеп за Вест Хем, кој го донесе Јормоленко ов лето за 17,5 милиони фунти од Борусија Дортмунд.

Досега, Андриј Јармоленко постигна два гола во осум натпревари во Премиер Лигата.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига