Од 15:30 часот се одиграа пет натпревари од 17. коло во германската Бундес лига.
Голгетерите речиси и не беа расположени, па видовме само пет гола.
Најефикасен беше оној во Лајпциг, каде домаќинот беше поразен од Арминија, а голови видовме во вториот дел.
Сера ги доведе гостите во водство во 57. минута, минута подоцна беше заменет со Клос кој доби директен црвен картон во 70. минута. Кога се очекуваше потенцијален нерешен резултат, Окугава ги постави конечните 0-2.
Унион Берлин со победа на гостувањето кај Бохум се врати во борбата за Лигата на шампионите. Беше 0:1, а Крузе го постигна победничкиот гол во 16. минута.
Со истите резултати Ајнтрахт славеше во Франкфурт против Мајнц. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Линдстром во 35. минута.
Минималната победа за прекин на серијата порази за малку не славеше Борусија Менхенгладбах на гостувањето кај Хофенхајм. Стрелец беше Емболо во 35. минута со 0:1, но домаќинот израмни по неколку одлични шанси со голот на Акпогума во 91. минута од натпреварот.
Нов бод освои и Гројтер Фурт, а мечот против Аугсбург заврши 0:0. Аугсбург ја имаше најдобрата шанса на натпреварот, но Саша Бурчерт го одбрани ударот на Андреа Хан во 48. минута.
Дуелот помеѓу Херта и Борусија Дортмунд е закажан за 18:30 часот.
Бундес лига, 17 коло:
Лајпциг 0: 2 Арминија;
Бохум 0: 1 Унион Берлин;
Ајнтрахт 1-0 Мајнц;
Хофенхајм 1:1 Борусија Менхенгладбах;
Гројтер Фурт 0-0 Аугсбург;
Херта – Борусија Дортмунд 18:30 часот.