Голманот на Ајакс, Андре Онана нема да може да игра фудбал за тимот една година. Како што пишуваат медиумите, УФЕА му одреди таква суспензија на 24-годишниот Камерунец бидејќи утврдила дека користел допинг. Имено, во неговото тело е откриена забранета сусптанца фуросемид.
Суспензијата на Онана е за Ајакс, но и за настапите на репрезентацијата, без разлика дали станува збор за официјални или неофицијални мречеви.