ФУДБАЛ

Голманот на Ајнтрахт доживеа момент на хорор во Белгија: „Ова нема врска со фудбалот“

Во Антверпен, истоимената домашна екипа и Ајнтрахт Франкфурт одиграа натпревар од групната фаза на Лига Европа, а Германците славеа со 1:0.

За време на натпреварот, германскиот голман Кевин Трап доживеа непријатност. Навивачите на домашниот тим го нападнаа со петарди, а едната експлодираше под неговите нозе. Тогаш Трап падна на тревникот.

Целата ситуација изгледаше крајно опасно. Медицинските служби брзо притрчаа кон повредениот голман и го проценија неговото здравје. По неколку минути, голманот изненадувачки брзо закрепна. Трап го продолжи натпреварот и остана на голот до крајот.

“За среќа, ништо не му се случи. Вакво нешто нема врска со фудбалот. Ако фрлите петарди врз други луѓе во трговскиот центар, ќе бидете приведени. Тоа нема место во нашето општество, без разлика каде се наоѓа или кој го прави тоа”, рече Оливер Гласнер, тренер на Ајнтрахт по натпреварот.

Ројал Антверпен се соочува со строги казни за скандалозното однесување на своите поддржувачи, што предизвика немири пред и по натпреварот, пренесуваат германските медиуми.

“Пред натпреварот имаше немири во близина на стадионот во Антверпен. Навивачите на Ајнтрахт нападнаа една од пабовите, а потоа се судрија со полицијата. Околу 100 луѓе беа привремено уапсени”, објави spox.com.

На трибините владееше напната атмосфера. По натпреварот, од безбедносни причини, играчите не дадоа интервјуа.

https://twitter.com/i/status/1443847626621923331

 

ПОВРЗАНО

Лига Европа