ФУДБАЛ

Голманот на Хетафе се посрамоти и може да го чини клубот место во ЛШ

Во 28-то коло од шпанската Ла Лига, Хетафе беше поразен на гостувањето против Гранада со 2:1, а на тој начин направи чекор назад во однос на борбата за место во Лигата на шампионите.

За изгубените бодови, екипата од Мадрид мора да му се заблагодари на својот голман Давид Сорија кој направи две навистина големи грешки.

Тимор погоди за водство од 0:1 на Хетафе во 20-та минута и овој резултат се одржуваше до 70. минута кога домашната екипа се изедначи. Фернандез постигна гол со голема помош од Сорија.

Комплетен пресврт се виде девет минути подоцна. Сорија повторно реагираше лошо, Фернандез беше на вистинското место и постигна гол за голема победа на неговиот тим.

Хетафе остана на петтото место и ќе продолжи да се бори за четвртото место со Атлетико и Реал Сосиедад, а близу е и Гранада, која е на само пет бода оддалечена од ЛШ.

ПОВРЗАНО

Ла Лига