Секој клуб мора да има резервни голмани. Позицијата на третиот чувар на мрежата е особено неблагодарна затоа што обично значи исклучиво тренирање.
Томас Берни е член на Интер од летото 2014 година, а во изминатите шест години, 37-годишниот голман не успеа да направи ниту еден настап.
Во меѓувреме, во клубот Нероаѕурите, голем број тренери се сменија, а сите решија да го задржат Берни во тимот, очигледно заради неговата важност за атмосферата во соблекувалната.
Иако не брани и обично само седи на клупата, искусниот Италијанец успеа да заработи дури два црвени картони оваа сезона, и тоа на идентичен начин.
Inter back-up goalkeeper Tommaso Berni since 2014:
Games: 0
Red cards: 2— B/R Football (@brfootball) June 29, 2020
Берни го доби својот прв црвен картон на крајот на јануари против Каљари, а вториот го заработи синоќа на натпреварот против Парма. Неговите навреди и протести очигледно им пречеа на судиите.
Патем, за време на неговата кариера, Берни најчесто бранеше на голот на Тернан, за што забележа 87 настапи. Тој беше член на Салернитана, Лацио, Брага, Торино и Сампдорија.