ФУДБАЛ

Голманот на Јувентус за слободните на Роналдо: Ги погодува сите на тренинг

Кристијано Роналдо има очаен ефект на голови од слободни удари во дресот на Јувентус.

Португалецот имаше 72 обиди, постигна само еден гол и лесно може да се каже дека Роналдо е многу нервозен поради тоа.

Резервниот голман на „Старата дама“ Карло Пинсоџо тврди дека Кристијано го погодува скоро секој удар на тренинг и не знае што му се случува на натпреварите.

“Кристијано погодува без грешка на тренинг. Не знам зошто не постигнува гол на натпревари, можеби едноставно нема среќа”, рече Пинсоџо.

Голманот на „Старата дама“ истакнува дека Роналдо е навистина прекрасна личност.

“Имам одлична врска со него. Моите соиграчи се шегуваат со мене дека ќе одам на Европско првенство со Португалија и Роналдо. Тој е едноставен дечко, а не sвезда. Тој е тивок и сака да се шегува и да се смее”, истакна голманот.