ФУДБАЛ

Голманот на Реал беше убеден дека не направил ништо лошо

Реал Мадрид ремизираше (2:2) на пријателскиот натпревар со мексиканскиот тим Клуб Америка одигран на Оракл Парк во Сан Франциско.

 

На овој натпревар беа досудени два пенали. Двете екипи имаа шанса за гол од 11 метри и ја искористија.

 

Додуша, Клуб Америка го направи тоа при вториот обид. Фидалго успеа да го совлада Андриј Лунин и да го постави конечниот резултат на натпреварот на 2:2.

Неколку минути претходно, Лунин беше убеден дека не направил ништо лошо. Тој протестираше до судијата тврдејќи дека нема потреба да се повторува пеналот.

 

Сепак, при изведување на удар од 11 метри беше далеку пред голот. Истрча речиси три метри и јасно е дека овој удар мораше да се повтори.

Прашање е само зошто украинскиот голман протестираше бидејќи во овој случај судијата беше апсолутно во право.

Фидалго потоа ја зеде топката и го чекираше Лунин и го постави конечниот резултат на натпреварот на 2:2.

Головите за кралевите на овој натпревар ги постигнаа Карим Бензема и Еден Азар. Белгиецот погоди од 11 метри.