ФУДБАЛ

Голманот на Струга Трим Лум постигна урнебесен автогол во 87-ма минута на пријателски меч во Анталија (ВИДЕО)

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум е на подготовки во Анталија. Таму одигра неколку пријателски средби. Меѓутоа онаа која предизвика внимание, не само кај нас, туку и пошироко е пријателската со Пахтакор од Узбекистан. Мечот заврши 1:1, а зошто овој меч беше интересен за пошироката јавност, не само во Македонија, е голот со кој во 87-та минута израмни Пахтакор. Имено, голманот на Струга, Ањелети постигна комичен автогол во 87-ма минута, како вистински аматер си ја затресе сопствената мрежа во обид да проигра еден од своите соиграчи. Инаку, Струга Трим Лум поведе уште во 19. минута со голот на дефанзивецот Маудо.

ПОВРЗАНО

Струга