ПСЖ го освои Интерконтиненталниот куп, откако го совлада преставникот на Јужна Америка, тимот на Фламенго. По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1. Во пенал серијата европскиот шампион беше поуспешен со 2:1, благодарение на голманот Сафонов кој одбрани четири удари од 11 метри. Сафонов одбрани четири последователни пенали и беше прогласен за играч на натпреварот. Рускиот голман го освои својот шести трофеј со парискиот клуб.
Голманот одбрани четири пенали, ПСЖ го освои Интерконтиненталниот куп (ВИДЕО)
