Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 65.минути на мечот против Интер. Играта ја напушти при 1:1, а така остана и до крајот, па Наполи и Елмас ќе играат во финалето од Купот на Италија против Јувентус, благодарејќи на победата од 1:0 на првиот меч во Милано.
Интер поведе вечерва во 3-та минута и тоа со гол од корнер, но пет минути пред крајот на првиот дел Мертенс израмни на 1:1, со неговиот 122 гол во дресот на Наполи, со што влезе во историјата на клубот како најдобар стрелец.
Финалето ќе се игра на 17 јули во Рим.