Голот на Киеза му даде надеж на очајниот Јувентус за реваншот

Written by

in

Порто го победи Јувентус со 2:1 во првиот натпревар од осминафиналето на својот стадион „Драгао“.

Португалскиот великан го казни очајното издание на тимот на Андреа Пирло и со головите на отворањето на првото и второто полувреме стигна до победата.

Само што започна натпреварот, Порто поведе. Бентанкур безгрижно ја враќа топката на Шчесни, Мехди Тареми ја користи шансата и со малку среќа го совлада голманот на Јувентус за предност од 1:0.

Јувентус не понуди скоро ништо во првото полувреме. Вреди да се спомене само атрактивниот обид со ножичките на Рабиот во финишот на првиот дел, но Марчесин бранеше брилијантно.

Домашниот тим на одмор замина со водство од 1:0, а само што започна второто полувреме, домашниот тим стигна до вториот погодок. Одбраната на Старата дама повторно исчезна, а Муса Марега погоди за 2:0.

Јувентус се обиде да стори нешто во нападот. Сепак, ова беа залудни напади на „Бјанконерите“ и Порто лесно ги запре сите напади.

Сепак, во 82. минута Јувентус постигна гол што може да им значи многу. За конечни 2:1, погоди Киеза, што ја врати надежта за Јувентус да продолжи понатаму.