Палермо денеска загуби од Кањари на „Сардења Арена“. Натпреварот се играше во рамките на третото коло од италијанскиот фудбалски куп.
Кај гостите стартни беа нашите двајца интернационални, Илија Несторовски и Александар Трајковски. Првото полувреме заврши со водство на домаќинот, а во 52. минута Несторовски резултатот го израмни и донесе надеж во екипата.
Но, во 73. минута домаќините повторно предизвикаа радост кај публиката и славеа за 2-1.
Да потсетиме, во четвртата рунда се најдоа Горан Пандев и Џенова откако претходно триумфираа над Лече и во следната фаза ќе се соочат со Виртус Ентела, а победникот од тој дуел во осминафиналето ќе игра со Рома. Во следното коло Каљари за ривал го има Киево, а во осминафиналето чека Аталанта.