Гонзало Игуаин ќе стане најплатениот фудбалер во МЛС.
Аргентинецот ја прекина соработката со Јувентус пред неколку дена. За тоа доби нешто повеќе од четири милиони евра, а наскоро и официјално ќе стане член на Интер Мајами.
Со доаѓањето во МЛС, Пипита станува најплатениот фудбалер во лигата. Тој ќе заработува седум милиони долари годишно и ќе потпише двегодишен договор.
Исто така, наводно има и одредени бонуси кои ја зголемуваат неговата плата на дополнителни 8,8 милиони долари, и нема сомнение дека патувањето на Игуаин во САД добро се исплатеше.
Минатата година Златан Ибрахимовиќ заработи најмногу пари во МЛС (7,2 милиони долари), а во моментов најплатен е играчот за врска на Торонто е Мајкл Бредли, чија плата со бонуси е 6,5 милиони долари.
Да потсетиме, Игуаин во својата богата европска кариера има играно за Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Челси и Милан.