Нашиот репрезентативец Горан Пандев вчера против Кротоне постави уште еден рекорд во Серија А.
Пандев се израмни со Серџо Пелисие за најмногу дуели во историјата, кои еден фудбалер ги почнал од клупата за резервни играчи.
Пандев вчера од клупата го започна неговиот 154. дуел исто толку има и Серџо Пелисие, но најверојатно во наредните натпревари Пандев ќе биде нов рекордер во Серија А.
Пандев со Серија А настапуваше за Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.