ФУДБАЛ

„Гори“ новиот дрес на ПСЖ

Францускиот шампион ПСЖ денеска го претстави новиот дрес кој клубот ќе го користи во сезоната 2022/2023.

Американскиот производител на спортска опрема Најк се погрижи ПСЖ да добие навистина спектакуларен дрес. Навивачите се воодушевени и не е ни чудо.

Дресот без сомнение е еден од најубавите што ги имал ПСЖ. Секако доминира сината боја, а во средината на предниот дел на дресот е поставена бела линија со црвени рабови во која се поставени грбот на клубот и логото на производителот.

ПСЖ испрати нови дресови низ светот за да ги промовира. Фудбалерите тоа го направија додека беа на одмор и изгледа навистина спектакуларно.

Парижаните повторно влегуваат во новата сезона со големи амбиции за освојување трофеи особено во Лигата на шампионите, а дали конечно ќе успеат ќе видиме.