Фудбалерот на Торино, Немања Радоњиќ се огласи на социјалните мрежи откако синоќа беше понижен од неговиот тренер Јуриќ. Имено, тренерот го стави во игра во 60-та минута на мечот со Јувентус при 2:2, а потоа Торино прими гол, Јуриќ се изнервира и по 15 минути игра го извади Радоњиќ од игра. По мечот тренерот рече дека одлуката ја донеле бидејќи фудбалерот е недисциплиниран и воопшто не соработува на теренот, односно не ги исполнува задачите кои му се дадени.
По мечот се огласи и самиот фудбалер:
-Верувај во себе и тогаш кога другите неверуваат. Господ гледа се! Напиша Радоњиќ.
Инаку, Јувентус во градското дерби славеше со 4:2.
