Барселона оваа сезона не успеа да му одолее на Реал Мадрид во борбата за титулата во Шпанија.
Реал Мадрид денеска и математички ја обезбеди титулата шампион на Шпанија откако на домашен терен го совлада Еспањол со убедливи 4-0.
За кралскиот клуб ова беше 35. титула на шампионот на Шпанија, а мора да се признае дека до неа стигнаа полесно од очекувањата.
Реал Мадрид сезонава немаше сериозен ривал во борбата за титулата, а веќе по првиот дел од сезоната беше јасно дека титулата најверојатно ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“, што на крајот и се случи.
Најголемиот ривал на кралскиот клуб Барселона до крајот на сезоната ќе се бори за втората позиција и целта е да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Каталонците денеска ги воодушевија сите со објава на Твитер бидејќи се огласија веднаш откако Реал стана шампион на Шпанија и решија да му честитаат на најголемиот ривал за тој потфат.
„Барселона му честита на Реал Мадрид за освоената 35-та титула во Примера“, соопштија од каталонскиот клуб.
FC Barcelona congratulates Real Madrid on achieving their 35th La Liga title.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 30, 2022