Искусниот шпански репрезентативец Давид Силва (34) го напушта Манчестер Сити по десет години.
Силва за Сити ќе ги одигра уште натпреварите во Лигата на шампионите, а официјално ќе го напушти клубот со над 430 официјално одиграни натпревари.
Одличниот играч од средниот ред се поврзува со преселба во Лацио. Римскиот тим му понуди договор на 34-годишниот фудбалер, му беше претставен план за работа и Силва реши да размисли.
Лацио ќе дознае многу наскоро дали Силва ќе игра за нив. Шпанецот им вети дека ќе добие одговор до крајот на неделава, затоа што не сакаше премногу да ги „влече“ ако не беше подготвен да замине во Рим.
Ова е секако господски потег на шпанскиот фудбалер. Тој не сака никого да лаже и од самиот почеток беше многу сериозен за понудата од Рим.
Пред Сити, Силва играше за Валенсија, Селта и Еибар, а Лацио му понуди тригодишна соработка.