Ерлинг Халанд ја одбра Борусија Дортмунд. Иако го посакуваше половина Европа, сепак тој на крајот се одлучи да го облеќе дресот на „Милионерите“. Трансферот го потврди самиот клуб, а договорот е постигнат до 2024 година.
За неговите услуги беа заинтересирани Јувентус и Манчестер Јунајтед.
Халанд, доаѓа од австриски Салцбург кој експлодираше во досегашниот тек од сезоната. Тој е втор стрелец во групната фаза од Лигата на шампионите.
Според информациите, Борусија Дортмунд ќе плати 20 милиони евра за 19-годишниот напаѓач.