ФУДБАЛ

Готово е! Халанд конечно избра, во новиот клуб секоја недела ќе добива по 500.000

Специјализиран италијански трансфер портал Tuttomercato попладнево лансираше вистинска бомба.

Италијанците тврдат дека Ерлинг Халанд избрал нов клуб. Норвежанецот ја напушта Борусија Дортмунд и оди во Манчестер Сити.

Откако минатото лето „Граѓаните“ не успеаја да се договорат за доведување на Хари Кејн, овојпат навреме реагираа и го осигураа доаѓањето на најдобриот млад напаѓач во светот.

Интензивните преговори меѓу двете страни траеја повеќе од една недела, а Сити реши се да заврши пред почетокот на летниот преоден рок.

Барселона и Ливерпул не можеа финансиски да ја поддржат целата операција, Реал Мадрид е фокусиран на Килијан Мбапе, што на најдобар можен начин го искористија во Сити.

Самиот Халанд реши кариерата да ја продолжи во најкомпетентната лига каде дополнително ќе се развива како напаѓач во според многумина најдобриот тим на денешницата.

Граѓаните на Борусија Дортмунд ќе и платат 75 милиони евра, што не е ништо во споредба со тоа колку квалитетни играчи ќе добијат.

На Халанд му беше ветено дека ќе биде во центарот на проектот. Покрај сето тоа, тој ќе заработи и одлични пари. Неговата неделна плата ќе изнесува 500.000 евра, па годишно ќе инкасира над 30 милиони бонуси.

Презадоволен од сработеното ќе биде и Мино Раиола кој во име на управната комисија заработи 70 милиони евра.