ФУДБАЛ

Готово е: Јувентус комплетираше уште едно големо засилување

Најдобриот дефанзивец од минатата сезона во Серија А, Глејсон Бремер, ќе потпише за Јувентус.

 

Бразилскиот дефанзивец ги договори сите услови со Јувентус, а во меѓувреме Торино ја прифати понудата на градскиот ривал од 47 милиони евра.

Интер имаше вербален договор околу трансферот на Бремер, но во трката се вклучи и Јувентус. кој со продажбата на Матијс де Лигт на Баерн за 80 милиони евра собра доволно пари за да го реализира трансферот.

 

На крајот, Јуве направи многу подобра понуда до Торино од Интер, па трансфер гуруто Фабрицио Романо некако го „потврди“ трансферот на Бразилецот во редовите на Старата дама.

 

Многумина веруваат дека Јувентус направи голема работа што продаде еден стопер за 80, а донесе друг за многу помалку пари, дури и ако се знае дека тој е најдобриот стопер во лигата…

 

Бремер дојде во Италија во летото 2018 година од Атлетико Минеиро, а во Серија А одигра вкупно 98 натпревари и постигна 11 гола со три асистенции. Пред него во Јувентус дојдоа Анже Ди Марија и Пол Погба.

 

ПОВРЗАНО

Серија А