ФУДБАЛ

Готово е, Кевин де Брујн има нов клуб!

Легендарниот белгиски фудбалер Кевин де Брујн е новиот играч на Наполи, објави Фабрицио Романо. По неколку недели преговори, Де Брујн конечно се согласи со понудата на Наполи и е постигнат договор за две сезони со можност за продолжување за уште една сезона.

Де Брујн, кој ќе наполни 34 години на крајот од овој месец, има уште само медицински прегледи пред официјално да биде претставен како нов играч на италијанскиот шампион. Според извештаите на италијанските медиуми, Де Брујн ќе заработува 5,5 милиони евра годишно во Наполи, а ќе добие 10 милиони евра само за потпишување на договорот.