ФУДБАЛ

Готово е: Симеоне во Наполи

Џовани Симеоне кариерата ќе ја продолжи во Наполи, бидејќи клубот од југот на Италија се договорил со Верона.

Наполи ја заврши една од најважните зделки во овој преоден рок. Тој сакаше да обезбеди расен центарфор, во случај Виктор Осимен да замине.

 

И успеа. Во следната година Џовани Симеоне ќе игра во Неапол како позајмен играч Самата позајмица наполитанците ги чинеше три милиони евра, со опција за откуп за 12 милиони евра.

 

Верона испрати уште еден играч на позајмица. Тоа е Андреа Петања. Тој отиде во Монца. Самиот заем чинеше два ипол милиони евра, со опција за откупување за 10 милиони евра.