ФУДБАЛ

Готово е за Дани Алвеш

Даниел Алвеш (39) нема да остане во Барселона.

Искусниот 39-годишен фудбалер пристигна во Барселона кон крајот на минатата година. Сакаше да му помогне на младата екипа предводена од Чави Ернандез и успеа.

Иако е во доцните години, Алвеш играше добар фудбал. Сепак, одлучено е да не му се понуди продолжување на соработката и искусниот Бразилец ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.

Ова е втор престој на Алвеш на Камп Ноу. Тој претходно играше за клубот од 2008 до 2016 година и беше член на една од најдоминантните тимови на сите времиња, и освои апсолутно се.

Неговата љубов кон Барселона е несомнена. Тој се врати за да му помогне на младиот тим да се врати на вистинскиот пат и наводно играл речиси бесплатно.

Бразилскиот дефанзивец оваа сезона настапи на 15 натпревари и постигна еден гол. За дресот на Барса одигра 406 и постигна 22 гола.

Дани Алвеш планира да игра на Светското првенство во Катар. Тој доби покана за репрезентацијата од тренерот, па најверојатно кариерата ќе ја продолжи следната сезона.

Покрај Барселона, во својата богата и трофејна кариера, Алавес настапуваше и за Баија, Севиља, Јувентус, ПСЖ и Сао Паоло. Освои 47 трофеи и важи за најтрофејниот фудбалер на сите времиња.