Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се враќа во Наполи. Неколку угледни италијански медиуми објавија дека се е готово и дека за утре се закажани медицински прегледи. Откако ќе ги помине медицинските прегледи, Елмас ќе потпише договор кој гласи едногодишна позајмица од 2 милиони евра, и опција за откуп на договорот во висина од 16 милиони евра.
Секако ова се добри вести и за селекторот Милевски, бидејќи во септември Македонија ја чека пресметка со Лихтенштајн во рамките од квалификациите за пласман на СП, па еден од најдобрите наши фудбалери со „мирна глава“ ќе го дочека овој меч, бидејќи ќе заврши неизведноста околу неговата клупска иднина.
