ФУДБАЛ

Готово – Кристијано Роналдо потпиша!

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо потпиша двегодишен договор со Ал Наср, една од најгледаните ТВ станици таму – „Ал Арабија“.

Објавено – готово. Се чека и официјална потврда за потпишувањето на најголемиот договор во историјата на спортот, кој на Португалецот ќе му обезбеди речиси 500.000.000 долари, дел на име плата, дел на име на разни спонзорства.

Тој ќе го носи дресот на Ал Наср до 2025 година, а потоа треба да биде амбасадор на Саудиска Арабија во следните пет години и да влијае на развојот на фудбалот таму, како и да биде залог за одредени тендери во организацијата на натпреварувањето.

Роналдо е еден од најголемите фудбалери на денешницата и еден од најдобрите спортисти на сите времиња. На неколку дена пред Мундијалот му беше раскинат договорот со Манчестер Јунајтед и како слободен играч пристигна во Ал Наср.