ФУДБАЛ

Готово: Кулибали во Челзи за 40 мил

Поранешниот фудбалер на Наполи, Калиду Кулибали наскоро и официјално ќе стане играч на Челзи.

Договорот ќе биде потпишан на четири години, со опција за уште една сезона. На двете страни се потпишани документи, а трансферот е вреден 40 милиони евра.

Капитенот на репрезентацијата на Сенегал успешно ги помина лекарските прегледи. Се вели дека годишната плата за 31-годишниот роден во Париз ќе биде 10 милиони евра.

„К2“ во Наполи игра од 2014 година, а на стадионот „Диего Армандо Марадаона“ се здоби со статус на клупска легенда. Челзи многу сериозно смета на него, особено поради заминувањето на Антонио Ридигер, кој следната сезона ќе игра за Реал Мадрид.

 

Кулибали својата професионална сениорска кариера ја започна во Мец во 2010 година, а од 2012 до 2014 година беше играч на белгиски Генк.

 

За репрезентацијата на Сенегал одигра 62 натпревари.