ФУДБАЛ

Граѓаните на лето одат по sвездата на Атлетико

Актуелниот лидер на Премиер лигата, Манчестер Сити, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.

Манчестер Сити претходно се обиде да го донесе Феликс, но овој одличен млад играч за врска на крајот се пресели од Бенфика во Атлетико.

Сепак, ова не ги обесхрабри граѓаните, кои го следеа цело време и во летниот преоден рок ќе се обидат да договорат трансфер со челниците на популарните „јорганџии“.

Не е познато колку пари се подготвени да издвојат, но со оглед на тоа што Феликс имаше договор до летото 2026 година со Атлетико, тоа сигурно ќе биде еден од најголемите трансфери во историјата.

Да потсетиме, Атлетико му плати на Бенфика 126 милиони евра за Феликс, а на 67 натпревари одиграни за клубот од Мадрид постигна 19 гола.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига