ФУДБАЛ

„Граѓаните“ се покажаа како вистински господа: Шампионски дочек за Ливерпул на „Етихад“ (ФОТО+ВИДЕО)

Шампионите се покажуваат и во порази. Ова денеска го потврдија фудбалерите на Манчестер Сити.

Ливерпул оваа сезона по 30 години ја освои Премиер лигата, а Пеп Гвардиола изјави пред неколку дена дека „црвените“ ќе имаат шампионски прием на „Етихад“.

Она што Шпанецот го вети се претвори. Пред да излезат на терен, фудбалерите на Манчестер Сити вечерва направија линија за своите гости.

Црвените беа убедливо најдобриот и доминантен клуб на англиското првенство оваа сезона и тие заслужено станаа шампиони.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига