Англискиот тим сака засилување во средниот ред.
Постои можност крајот на мандатот на Гвардиола на „Етихад“ да биде близу, се зголемуваат шпекулациите дека Ван Бронхорст е човекот кој ќе го наследи Каталонецот со шампионите на Англија. Пред тоа, ако има таква трага на настани, Сити веќе прави планови за следниот тансфер период.
Според англиските медиуми, „граѓаните“ го сакаат 20-годишен Украинец, Виктор Коваленко, кој игра за Шахтјор. Играчот од средниот ред немаше шанси да настапи против Сити во последното коло од Лигата на шампионите, поразот на неговиот тим се одрази на клупата за резервните играчи.
Младиот Украинец буди интерес кај големите клубови бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната и неговото пристигнување би можело да биде договорено уште во јануари. Покрај Сити, се споменуваат Рома и Јувентус, останува да се види дали ќе се чека крајот на договорот или дали некој од клубовите ќе оддвои симболична сума за услугите на Украинецот уште во јануари.