ФУДБАЛ

Гранада го сруши Атлетико

Изненадувањето беше видено на преостанатиот натпревар од деветтото коло во шпанската Ла Лига.

Гранада на домашен терен го совлада Атлетико Мадрид со 2:1 и со тоа уште повеќе се одвои од опасната зона и се зацврсти на средината на табелата.

Од друга страна, овој пораз ги остави „јорганџиите“ на петтото место со бод помалку од четвртопласираниот Рајо Ваљекано.

Гостите подобро го отворија натпреварот и во втората минута Жоао Феликс на асистенција на Лемар погоди за 0:1.

Се играше во 17. минута кога Мачис на додавање на Молин донесе израмнување за Гранада.

Во вториот дел добар фудбал, имаше прилики, а домаќините ги искористија своите, во 61. минута Молина сега беше стрелец за 2:1 на асистенција на Суарез и тоа се покажа како конечен резултат на овој интересен натпревар.

ПОВРЗАНО

Ла Лига