Во натпреварот од 19-то коло на шпанската Ла Лига Гранада ја совлада Мајорка со 1:0.
Неделната програма во Ла Лига се отвори со дуелот во Гранада, каде домаќините стигнаа до својата осма победа и се наоѓаат на само четири бода зад екипите кои се борат за Европа.
По двата последователни порази, голот на Монтор во 24-та минута дозволи многу важна победа за Гранада, додека Мајорка ги продолжи своите очајни резултати.
Мајорка исто така го забележа својот 12 пораз и се наоѓа на 17 место со 15 поени, односно 1 повеќе од Селта Виго и Легањес кој имаат по 14, а 2 бода пред Еспањол кој има 11.