За време на воените битки околу украинската престолнина Киев бил гранатиран тренинг кампот на големиот гигант Шахтјор.
Тренинг комплексот на Шахтјор се наоѓа во близина на Киев, а бил погоден за време на гранатирањето. Една граната удрила во полигонот, додека друга паднала во просторијата за опрема. За среќа, во моментот на гранатирањето немало никој, па нема повредени.
Експертите за експлозиви ги отстранија сите можни опасности и центарот за обука повторно е во употреба, но секако никој нема да го користи за време на војната во Украина.
Потсетуваме, еден од најголемите тимови во Украина во моментов е лидер на табелата пред Динамо Киев, но првенството беше прекинато на 24 февруари, денот кога започна руската инвазија, а прашање е дали и кога ќе продолжи.
Во меѓувреме, украинските тимови се обидуваат да тренираат во помирни делови од земјата или надвор од Украина, па на пример, тренерот на Динамо, Мирчеа Луческу, работи со своите играчи во Романија.