Составот на Интер од популарната триплета е повторно заедно. Горан Пандев, Диего Милито, Снајдер, Камбијасо, Мајкон, Жулио Цезар, Лусио, Матераци, плус Фиго, Суазо, како и други поранешни ѕвезди на клубот, повторно во дресот на Интер. Имено, ветераните на Интер ќе одиграат пријателски меч во Грузија, односно со најдобрите 11 на селекцијата на Грузија на сите времиња. Мечот се игра попладнево, а како што објави клубот може да се гледа на социјалните канали на Интер.
