Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, го пофали напаѓачот на Астон Вила, Џек Грелиш.
Вест Хем ќе се сретне со Астон Вила во Бирмингем вечерва од 21 часот и 15 минути како дел од 22-то коло и Грелиш ќе биде главната закана за голот на Хамер.
“Во моментов, најдобар играч во лигата е Џек Грелиш. Тој прави неверојатни работи за клубот”, го пофали англискиот репрезентативец, кој исто така е поврзан со великани како Манчестер Јунајтед.
„Мислам дека еден ден тој ќе игра во еден од најголемите европски тимови“, додаде Мојс.