ФУДБАЛ

Грешка на агентот, ПСЖ го повикува Дембеле, се се открива (ВИДЕО)

Усман Дембеле би можел да заврши на „Паркот на принцовите“.

Пари Сен Жермен долго време искажува интерес за францускиот напаѓач, а сега желбата може да стане реалност.

Муса Сисоко, агентот на Дембеле, по пристигнувањето во Барселона, добил повик од Леонардо, спортскиот директор на ПСЖ.

Тој, намерно или ненамерно, не успеа да сокрие името, а новинарите успеаа да сниат се, што поттикна шпекулации дека ПСЖ го повикува Дембеле.

Дембеле деновиве најверојатно ќе ја напушти Барселона бидејќи не ја продолжува соработката со клубот а покрај ПСЖ се пишува дека сериозно е заинтересиран и Челзи.