Фудбалерот на Манчестер Сити, Џек Грилиш е убеден дека неговиот тим ќе го совлада Реал Мадрид во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите и ќе се пласира во финалето кое ќе се игра на 10 јуни во Истанбул.
Првиот натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ заврши со резултат 1:1, факт што е добар за фудбалерите на Сити е што немаат пораз на „Етихад“ од 2018 година во Лигата на шампионите.
„Научивме многу од натпреварите против Реал минатата година. Сега нашиот тим е исто така поинаков, помина една година. Имаме совршен баланс помеѓу искусни и млади играчи од светска класа. Никогаш не сум се чувствувал толку сигурен кога ќе стапнам на теренот. Тоа е поради играчите кои се околу мене. Никој нема да не спречи на Етихад“, изјави англискиот репрезентативец и додаде:
„Дојдовме во Мадрид да победиме. Не успеавме, но покажавме карактер, бидејќи застанавме на ваков стадион. На крајот на денот, мислам дека ремито е фер резултат“, рече Гралиш.
Манчестер Сити моментално е во серија од 14 последователни победи на својот стадион.
