ТАЈМАУТ

Грилиш повторно претерал, да влезе во такси му треба помош (ФОТО)

Во последното 38. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити го совлада Вест Хем со резултат 3:1 и со тоа ја освои десеттата шампионска титула на Англија. Четвртата последователна титула играчите жестоко ја прославија, а Џек Грилиш повторно беше во центарот на вниманието. Како што пренесува The Sun, одличниот фудбалер како и обично водел во пиењето алкохол за време на прославата, а во 5 часот наутро во пијана состојба му помогнале да излезе од локалот.

Грилиш носел кошула и панталони од 2.500 евра, а како што можете да видите на фотографиите бил целосно пијан. Според истите тврдења, за време на прославата се „опуштал“ и Кевин де Бруин, кој вообичаено не е познат како некој склон кон забави и алкохол, но бил виден како „кулира“ во задниот дел од таксито.

На прославата се приклучи и Пеп Гвардиола, но и поубавите половини на многу фудбалери на Сити, а забавата заврши така што многумина од нив си понесоа скапи шишиња со алкохол. Граѓаните со 91 бод стигнаа до четвртата последователна титула во најсилната лига на светот, а покрај нив во Лигата на шампионите заминаа Арсенал, Ливерпул и Астон Вила.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига