Манчестер Јунајтед денес го победи Барнли на домашен терен по пресвртот со 3-1 во 32-то коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ успеаја со многу напор да дојдат до победа против Барнли, а херој беше Мејсон Гринвуд кој постигна два гола за домашниот тим.
Барнли ја затресе мрежата на Јунајтед преку Вуд во втората минута, но голот беше поништен поради офсајд. Осум минути подоцна Погба шутираше одлично со глава, но голманот на гостите го брани тоа.
Јунајтед повторно се закани во 15-та минута. Во шанса беше Бруно Фернандес кој остана сам, но шутираше покрај десната статива.
Рашфорд имаше многу добра шанса во 30. минута, но ниту овој пат немаше гол. Јунајтед се закани уште неколку пати до крајот на првото полувреме, но Барнли успеа да „преживее“.
„Црвените ѓаволи“ конечно успеаја да поведат на почетокот на второто полувреме. Рашфорд асистираше, а голот за 1:0 го постигна Гринвуд во 48-та минута.
Сепак, само две минути подоцна гостите израмнија на 1-1. Прославата на Јунајтед траеше кратко, бидејќи Тарковски успеа да ја затресе мрежата на домашниот тим и да го врати Барнли во мечот.
Но, Јунајтед успеа да стигне до победа во самиот финиш. Гринвуд повторно беше во центарот на вниманието во 85-та минута кога погоди за 2:1 на асистенција на Погба. Конечните 3:1 во судиското надополнување ги постави Единсон Кавани.
Манчестер Јунајтед се уште е втор на табелата со 66 бодови, додека Барнли е на 17-то место со 33 бода.