Францускиот напаѓач Антоан Гриземан одлучи да коментира за наградата за најдобар играч во светот, кој наскоро ќе биде избран од ФИФА.
Најдобрата награда ќе биде доделена за неколку недели, а ФИФА минатата недела објави дека Кристијано Роналдо, Мохамед Салах и Лука Модриќ ќе се борат за тоа. Многумина беа изненадени што Лионел Меси, кој ја освои двојната круна минатата сезона со Барса и беше најдобар стрелец во Европа, не беше на листата.
Покрај тоа, исто така и француските медиуми се разочарани и веруваат дека барем еден Французин мора да се најде во ТОП 3 откако нивниот тим освои злато на Мундијал. Гризман, исто така, рече дека е засрамен што тој или некој негов соиграч не е во најдобрата борба за светот.
“Веќе реков дека е срамота, бидејки ФИФА меѓу тројцата најдобри играчи во светот не стави ниту еден Французин, бидејќи ние сме шампиони на светот. Тоа ми е чудно, дали ФИФА треба да се срами за тоа. Ние ќе се фокусираме само на она што се случува на теренот” , рече Гризман.