Францускиот репрезентативец Антоан Гризман понекогаш само посакува да е обичен човек, далеку од камери и бучава.
И кога ќе се засити од фудбалот, медиумите и навивачите, напаѓачот на Барселона се упатува кон неговата родна Франција и наоѓа мир во друштво на коњи.
На крајот на 2019 година, тој основал свој ранч за коњи за да може да се натпреварува во разни трки. Имотот се наоѓа во Мекон, местото каде што е роден, и во моментов има 12 коњи кои се натпреваруваат секоја сезона и се во сопственост на него и неговиот татко.
Секоја година, поранешниот играч на Атлетико Мадрид инјектира повеќе од 300.000 евра во неговата компанија за да ги задржи коњите во најдобра форма.
Гризман во моментов е во добра форма, но имаше тежок период зад себе, исто како и целиот тим на Барселона. Сепак, честите посети на неговата татковина и дружењето со сопствените коњи му помагаат да се „рестартира“.